Дејан Павлов со три медали е еден од најуспешните каратисти на „Никон опен“

Deni na piedestal vtor Nikon open 2016

Дејан Павлов од Макпетрол е еден од најуспешните каратисти на Меѓународниот турнир „Никон опен 2016“ во Софија, бидејќи вкупно освои три медали во сениорска конкуренција-злато, сребро и брноза.

Deni prv ekipno Nikon open 2016

Павлов може да жали што не се бореше во финалето во апсолутна катеорија, каде што нагрданиот фонд беше 500 евра, но очигледнобило нанвивањето домашниот борец да влезе во финалето и да ја освои наградата. Дејан прво славел со Романец 6-1,а потоа со домашен каратист загубил со 3-2, иако имал две чистења и ефикасни удари, а во репасажот е подобар од Бугарин со 10-2.

Во најтешката категорија над 78 килограми во финалето губи со 4-2 од репрезентативецот на Романија, а претходните три борби ефективно ги добива.

Во екипниот дел (Павлов, Орхан Билали и Доан Османи) не дозволиле изнандување и ги добиле и двете романски екипи со 3-0 , а во финалната борба повторно се сретнал со Романецот со  кој се бореше во финалето во +78 кг, но сега славеше со 6-5.

Deni so site od Makpetrol na Nikon open 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО