Периката на Џарел Милер одлета по ударот на Ибе (ФОТО)

Досега невидена сцена во историјата на боксот го обиколи светот и ги запали социјалните мрежи по борбата меѓу Џарел Милер и Кингсли Ибе.
Во еден момент од мечот, Ибе погоди силен аперкат, по што следеше шок за сите присутни – Милер буквално остана без косаta! Целиот горен дел од главата, од челото кон темето, се одвои и остана да виси, оставајќи ги и судиите и публиката во неверување. Сцената стана уште побизарна кога Милер, наместо да паничи, реши сè да претвори во шега – ја откина косата до крај и ја фрли во публика, по што продолжи да се бори… целосно ќелав.
https://twitter.com/virtuemediacorp/status/2017806366581182466
Сè уште останува дилемата дали станува збор за вештачка коса залепена за да се прикрие ќелавост, или пак светот беше сведок на вистинско „чудо на физиката“ во рингот. Како и да е, вакво нешто никогаш досега не е забележано во боречките спортови. Мечот на крајот заврши без победник, со поделена судиска одлука, но резултатот падна во втор план – интернетот доби нов вирален хит.
За целосна апсурдност на ситуацијата, една навивачка која ја фати „отпаднатата“ коса се пошегува на социјалните мрежи дека – добила нова фризура.
View this post on Instagram



