Пелистер и Баргала се зацвртсија на водечките позиции, Куманово 84 и Универзалци со најмногу поени во 6.коло

За шестото коло на Првата и Младинската бокс лига на Македонија е карактеристична првата рунда, затоа што во сениорска конкуренција од 10 борби 6 завршија во првите три минути, а само една од нив е со нокаут, додека една во втората, а само три борби завршија на поени. Ваквиот развој треба да ги загрижи надлежните во македонскиот бокс.

Во сениорска конкуренција најмногу ќарија Куманово 84 и Универзалци по 12 поени, Тернипе 8, Синди 7, Пелистер 6 итн, додека во младинска Баргала 10, Чаир 8, Ас 6, Шкупи 6, Куманово 6, Пинк пантер 5, Алексо Огненовски 4, Универзалци 4, Пелистер 4, Шкендија но лимит 4, Аперкат 2, Борец 1 и Фајтер-илери 1.

Кај сениорите Пелистер граби кон титулата со 40 бода пред Тернипе со 28 и Универзалци со 23, а Баргала го зацврсти водството во младинска конкуренција со 76 поени, Ас е втор 60 и Пинк пантер 41.

Седмото коло ќе се одржи на 27 или 28 октомври во Велес, организацијата е на БК Борец – Велес.

Резултати – 6.коло
Кадети
-57 кг Ѓоше Ѓошев (Пинк пантер) – Дамјан Талинче (Ас) 3-0
–60 кг Сали Бујар (Чаир) – Лука Филиповиќ (Куманово 84) 2-1
-66 кг Ферит Хоџа (Алексо Огненовски) – Трајче Илиоски (Ас) 3-0
–70 кг Алпај Демиров (Баргала) – Марссел Саливески (Куманово 84) 2

Јуниори
-64 кг Марко Стојановски (Универзалци) – Еден Исени (Шкупи) 3-0
64 кг  Имет Зулали (Алексо Огненовски) – Сезер Алили (Шкендија но лимит) 0-3
-69 кг Риад Ајдини (Куманово 84) – Рамон Ќазимов (Пелистер) 0-2
-81 кг Серген Демиров (Баргала) – Прохор Зафировски (Аперкат) 3-0
-81 кг Лиран Сали (Чаир) – Неби Бесар (Шкупи) 2-1

Сениори
-60 кг Александар Шумкоски (Универзалци) – Никола Арсовски (Куманово 84) 12  
-64 кг Александар Ристовски (Пинк пантер) – Денис Муаремовски (Пелистер) 0-2 (Р1)
-69 кг Ендрит Исуфи (Куманово 84) – Љуљзим Исмаили (Шкендија но лимит) 0-2 (Р1)
-75 кг Октај Фератов (Борец) – Хамза Имеровски (Синди) 2-0 (КО, Р1) 
-81 кг Даниел Вретовски (Алексо Огненовски) – Даниел Абаз (Тернипе) 0-2 (Р1)
-81 кг Филип Наковски (Куманово 84) – Тарик Хадровиќ (Универзалци) 2-0 (Р1) 
-91 кг Бањамин Речи (Синди) – Роберто Ристовски (Пинк пантер) 2-0 (Р2)
-91 кг Амир Бекири (Фајтер Илери) – Бојан Јаноски (Универзалци) 2-0                            
+91 кг Синан Џеладин (Тернипе) – Серхан Џафероски (Ас) 2-0 (прекин, Р1)
+91кг Емил Шаботиќ (Куманово 84) – Филип Зивосовски (Универзалци) 1-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО