Мек Грегор: Нурмагомедов едноставно не сака да биде блиску до мене (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор задоцни на втората прес-конференција со Хабиб Нурмагомедов пред нивниот судир на УФЦ 229 во Лас Вегас. Тоа го разлути Рускинот, кој стана и си замина без да го чека својот противник. Конор, сепак, пристигна на настанот задоцнувајќи повеќе од 30 минути и побрза да се зајаде со својот противник.

„Тој знаеше што го очекува. Што по ѓаволите си замислуваше, дека ќе се случат работите? Минатиот пат не кажа ништо, така што не можам да разберам што сака. Се еб.е. Се случуваат и такви работи. Не го планирав. Се обидов да дојдам навреме. Задоцнив само неколку минути доцна, Бога ми. Таа пи.ка требаше да ме почека. Тоа е знак. Тој едноставно не сака да биде блиску до мене, не сака да биде пред овие луѓе. Тој е исплашен, тоа е вистината“, рече Мек Грегор.

https://www.youtube.com/watch?v=Kt83VkXNqic

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО