Нурмагомедов ја напушти прес-конференцијата (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов си замина навреден од прес-конференцијата пред да се сретне со Конор Мек Грегор.

Русинот не чекаше да се појави противникот кој традиционално доцни повеќе од половина час, а настанот беше закажан за 15 часот по локално време во Лас Вегас.

Хабиб, се разбира, беше навремен, одговори на прашањата на новинарите и рече дека Мек Грегор покажува непочитување, бидејќи доцнел како по навика.

https://twitter.com/MMAjunkie/status/1048034038177390592?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1048034038177390592&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D749028

„Јас сум тука петнаесет минути, а него го нема. Ова е непочитување. Тој доцни, јас си имам распоред и не можам да се солидаризирам со него. Веќе е 15:00 часот и време е да почне прес-конференцијата, бидејќи имам сопствени планови. Морам да симнам килажа и да мислам на себе. Зошто да се солидаризирам со него? Ако некој доцни, вината не е моја. Губењето на тежината секогаш е тешко. Четврток е денот зас имнување килограми, па немам време да чекам 30-40 минути. Прес-конференцијата е во 15 часот“, рече Нурмагомедов.

https://www.youtube.com/watch?v=Kt83VkXNqic

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО