Ибрахимовиќ очекува победа на Нурмагомедов против Мек Грегор (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов привлекоа големо внимание за нивната пресметка на УФЦ 299 во Лас Вегас.

Играчот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ има свој фаворит и смета дека поголеми шанси за победа има Нурмагомедов.

„Мислам дека Нурмагомедов ќе го победи Мек Грегор. Ако Хабиб те фати во октагон, тој не пушта и го тера противникот да страда, принудувајќи го да се предаде. Тоа го прави другиот да изглед лошо. Нурмагомедов е многу спокоен, но во исто време многу опасен – ме потсетува на еден друг руски воин Федор Емилијаненко, кој импресионира со неговата смиреност и увереност, кој во исто време прави некои неверојатни настапи за време на битката“, рече Ибрахимовиќ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО