Пеколен октомври за репрезентативците од Балканец

Борачите на Балканец, односно репрезентативците на Македонија ги очекува пеколен октоври, вели тренерот во клубот и селектор Бобан Данов. 

Тој истакнува дека покрај Балканското првенствои (У-15, У-17 и У-20) што ќе се одржи од 3 до 6 октомври во Скопје, борачите ќе учествуват и на Саветското првенство до 23 години во Тирана, Алнанија, од 21 до 27 октомври.

„Да истакнеме дека Балканец ќе биде домаќин целата репрезенрација до 15, 17 и 20 години, каде ќе се подготвуват од 15 месецов па се до Балаканскиот шампионат. Во среда ќе има и контролни борби, притоа ќе се определи и составот за учество на Балканското. Покрај нашите репрезентативци, се очекува да пристигне и бугарската репрезентација. Тие во октомври ќе тренират со нашите репрезентативци. Во октоври ке има и две светски првенства, едното е до 23 години и сениорското во неолимписки категори 61кг, 70 кг, 79 кг и 92 кг што ќе се одржи од 28 до 31 октомври во Тирана. На СП за У-23 ќе учествува нашиот борач Стефан Шетрјов, кој се врати во матичниот клуб (беше во Спартак-н.з.) и изјави дека негов сон се Олимписките игри во 2028 година. Почнуваме од сега и со Господ напред“, вели Данов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО