Мила Рељиќ на 7-та позиција на Олимписката ранг-листа

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на 7-та позиција на Олимписката ранг-листа. Со ова, спроед нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот за собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки игри Лос Анџелес 2024, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.

„Веќе за 2-3 недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд при Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг-листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси“, додава Ефтимов.

Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд при натпреварите и од други европски и светски првенства.

Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките игри во Париз летово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО