Пехар за македонската репрезентација – најтрофејна екипа на „Србија опен“ (ФОТО)

Македонската кик бокс маи таи федерација учествуваше како репрезентација со 14 клубови на Европскиот куп К1 „Србија опен“ во Краљево, Србија, и освои 56 медали – 20 златни медали, 22 сребрени и 14 бронзени.

Македонската репрезентација освои пехар за најтрофејна екипа на првенството.

Шампион – Скопје

Од нашите клубови КБК Шампион е најуспешен со освоени 12 медали – 6 злата, 4 сребра и 2 бронзи.

Извештај по клубови и ранг листа по успех:

1.Шампион- Скопје
6 златни,
4 сребрени,
2 бронзени

Тим Зоран – Струмица

2.Тим Зоран – Струмица
4 злата
4 сребра

3.Гладијатор – Неготино
3 злата

4.Енерџи – Битола
2 злата
1 сребро
1 бронза

5.Будо – Велес
1 злато
2 сребра
4 бронзи

6.АС – Делчево
1 златен
2 сребрени
1 бронзен

7.Лидер – Виница
1 златен
1 сребрен
4 бронзени

8.Будо-Кавадарци
1 злато
1 бронза

9.Комбат Радовиш
1 злато

10.Максам тим – Прилеп
2 сребрени
1 бронзена
11.Гладијатор – Скопје
2 сребра

12.Куманово 2006
2 сребрени медали

13.Самурај – Битола
1 сребро

14.Гладијатор фајт – Штип
1 сребро

„Задоволен сум и горд на нашите тренери и нашите натпреварувачи кои покажаа одлични борби и што освоивме толку голем број на медали.

Сето тоа е заслуга, поддеднакво на раководството, на сите нас тренери, натпреварувачи, поддржувачи и помагачи на нашата Кик бокс маи таи федерација“, вели претседателот на Федерацијата и селектор Дејан Митровски – Урко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО