Пауло Коста: Тренерот ме уценуваше и ми бараше пари

Пауло Коста (12-0, 4-0 УФЦ) беше суспендиран шест месеци ретроактивно и финансиски казнет од УСАДА за недозволено користење на инфузијата во очи на две победи во УФЦ.

Непоразениот Бразилец призна дека примал инфузии со дозволени супстанци вклучувајќи солен раствор и лекови за стомакот пред борбата со Олувале Бамбосе и Џони Хендрикс.

Се појави и видео кое го покажува „Борачин“ како добива инфузија во хотелската соба.

Коста откри дека „предавникот“ е заслужен за објавувањето на снимките од неговиот поранешен тренер.

„Идентификуван е и отстранет од тимот. Тоа лице му се обиде снимката да ја испрати на неколку луѓе. Тоа е трагикомична ситуација. Најмногу си наштети на себе, бидејќи е исфрлен од тимот. Беше дел од тимот и ги издаде, не само мојата верба, туку довербата на сите борци. Не знам како таков тренер може да ја ужива довербата на еден борец или сопственикот на салата, затоа што, ако тоа го направи на еден борец, ќе го направи и на друг. Тој тип треба да биде протеран од спортот“, изјави 28-годишниот Бразилец, при што не го откри името на тренерот.

„Се обиде да го искористи тој краток момент за да ме повреди и да ме уцени со таа снимка. Ми рече: Ако не ми дадеш толку и толку пари … Тоа ми ја скрши довербата и очигледно ниту се обидував да преговарам со него“.

„Порано, тој тренерот беше со мене за една борба во УФЦ, но ова го направи во втората борба. Верувам дека мислел: тој е во УФЦ, многу заработува, ќе го уценам. Работев со него четири или пет години пред да дојдам во УФЦ, но тогаш немаше обид за изнуда, бидејќи ништо не заработував“.

Коста не се борел од јули минатата година, кога со технички нокаут во втората рунда го победи Јурија Хол. Во окатгонот се враќа на 17 август против Јоел Ромеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО