Патрик Деј се уште е во животна опасност (ВИДЕО)

Партик Деј (27) се наоѓа во исклучително критична состојба по поразот од Карлес Конвел во Чикаго. Тој од 10 рунда на бокс мечот се наоѓа во кома.

Неговиот менаџер истакна дека тој се наоѓа во кома со „трауматична повреда на мозокот“.

„Пат секоја соба во која се наоѓа ја прави посебно место. Не сум сретнал досега никој кого Партик не го запознал, а да не го сака. Никогаш не сум го слушнал да изговара погрдни зборови. Не сум видел да се поздрави со некого без насмевка. Животот понекогаш не е фер. Ве молам, задржете го Пат во своите молитви, мисли и срцата“,  истакнува неговиот промотор Лоу ди Бела.

https://twitter.com/Troy_Tuker/status/1183279592921944064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1183279592921944064&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D809384

По средбата, 21-годишниот противник Конвел посочи дека се надева дека ќе биде добро, како и дека Патрик е прекрасна личност.

https://www.youtube.com/watch?v=Fd4k9UcVi3E
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО