Енди Рузи го предупреди Џошуа: Ќе бидам, полесен, побрз и помоќен!

Шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија, Енди Руиз напорно тренира за претстојниот реванш против Ентони Џошуа на 7 декември во Саудиска Арабија.

На 1 јуни Руиз Џошуа четирипати гопрати во нокдун пред да го запре во седмата рунда на мечот во Медисон сквер гарден во Њујорк.

„Имам голема почит спрема Ентони, тој е многу добар човек надвор од рингот. Но, внатре (во рингот) нема пријателство, почит или што било друго меѓу нас“, изјави Мексиканецот за ЕСПН Депортс.

Руиз очекува многу тежок реванш имајќи ги во предвид заканите на Џошуа дека ќе се одмазди.

„Нема да биде лесна борба. Ќе биде тешко, но нема ништо лесно во животот, затоа тренирам многу напорно. Ќе бидеме подготвени за што и да направи“, додаде светскиот шампион.

Првиот пат кога Енди Руиз прифати фрлена ракавица во последната минута, откако Џарел Милер беше позитивен допинг тестот и Џошуа мораше итно да бара нов конкурент.

„Ќе влезам во подобра подготвеност… полесен, побрз и помоќен. Џошуа и неговиот тим веруваат дека ќе ме победат во декември. Луѓето секогаш го кажуваат тоа, но верувам дека ќе победам и ќе ги затворам устите“, рече Мексиканецот.

Енди Руиз ја коментираше и поканата што ја доби од Мексиканската боксерска федерација да учествува на Олимписките игри во Токио 2020 година.

„Ова не е за мене, во професионалниот бокс е моето место. За мене е подобро да им дадам шанса на другите момци кои сонуваат да одат на Олимпијадата“, рече тој.

https://www.youtube.com/watch?v=z35c3V9sfXk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО