Папата го благослови Канело, Мексиканецот му поклони ракавици

Додека Генади Головкин беше во Мексико, неговиот ривал Мексиканецот Сол Алварез се упати кон Ватикан.

Поранешниот светски шампион во две тежински категории беше на аудиција со папата Френсис.

Папата го благослови, а Канело му даде потпишани ракавици.

„Чест ми е што можам нешто свое да му дадам на папата. И очигледно, тоа што добив благослов од папата е незаборавно искуство. Се чувствувам среќно и благодарно“, рече Канело.

Мексиканската супер ѕвезда е на одмор во Европа, за време на кој ги посети Италија, Ирска и Шпанија.

Кога ќе го заврши одморот Мексиканецот ќе ги продолжи преговорите за реванѓот со Генади Головкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО