Филипинската боксерска ѕвезда, Мани Пакијао, ги изарадува новинарите со желбата за реванш против Флојд Мејведер.
Тие се бореа минатата година во најпрофитабилниот спортски настан во историјата. Нивниот дуел акумулира приход од половина милијарда долари. Американецот победи на поени, но по средбата Пакијао се правдаше дека боксирал со повреда.
„Зошто да не направиме реванш. Само Флојд да има интерес. Сметам дека можам да го победам“, рече Пакијао.
Мејведер продолжува да ја негира можноста за враќање. Тој ги закачи ракавиците во септември минатата година. Евентуален реванш со Пакијао ќе и гарантира и на двајцата огромни хонорари.
https://youtu.be/LhC5PtMWNVo