Пакијао: Рамото ми е во ред, сакам да му се одмаздам на Мејведер

mejveder-go-udira-pakijao

Мани Пакијао отворено си призна дека сака да му се одмазди на Флојд Мејведер за поразот.

По шест години исчекување тие конечно се сретнаа во мај минатат година, кога Мејведер го победи со судиски одлука во не особено атрактивен дуел.

Сепак, настанот беше „рудник“, носејќи рекордни 4,6 милиони платени телевизиски гледања и над 600 милиони долари приходи.

Мејведер во септември се повлече од боксот, но се очекува да се врати за 50-тиот дуел. Ако се направи втора борба со Пакијао, тоа дефинитивно би било одлична можност за финансиска заработка на  Американецот.

Пакијао беше обвинет дека се борел со повредено рамо (десното) што било причина за слабата претстава со „Мани“. Повредата ја заработил за време на тренинг, а работите се влошија по четвртата рунда. Потоа тој се оперира и се врати во рингот во април, кога го победи Тимоти Бредли.

Сега Филипинецот ќе се бори против шампионот на ВБО во полусредната категорија Џеси Варгас. Пакијао сака да се претстави во најдобро издание, за да почне да го брка Мејведер за борба догодина.

„Би сакал да се одмаздам за поразот од Флојд Мејведер откако моето рамо е добро. Веќе ја користам десната рака многу повеќе и чувствувам дека сум во одлична форма. Го сметам дуелот со Џеси Варгас за најважниот во кариерата, бидејќи од него зависи каде ќе тргнат работите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО