Пакијао плати 4 милона долари за влезници за мечот со Мејведер!

Pakijao selfi

Филипинецoт, Мани Пакијао, ќе потроши 4 милиони долари за билети за неговиот меч со Флојд Мејведер, за да ја смести во салата огромната придружба, која брои околу 900 луѓе. Промотор на Пакијао, Боб Арум, лично платил 10.000 долари за место во близина на рингот за големиот судир на 2 мај, а исто така и дека целата сметка која Пакијао ќе мора да ја плати за билети на своите пријатели и штабот ќе биде меѓу 3 и 4 милиони долари. Пакијао (36) е познат по тоа што поканува голема придружба на сите свои натпревари и со оглед на огромните цени на влезниците за дуелот во „МГМ Арена“ овој пат тоа ќе го чини скапо.

Како што е познато, помалку од 1.000 билети за грандиозниот дуел достигнаа до пошироката јавност преку готовинска продажба, а тие беа откупени за само неколку минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON