Пакијао го тужи Боб Арум

Мани Пакијао објави дека ќе го тужи својот поранешен промотер Топ ранг.

Единствениот светски шампион во осум тежински категории најави тужба за неплаќање на средства за преносот на неговата борба со Лукас Матис во јули.

Топ ранг ја пренесуваше борбата преку стриминг на ЕСП+ и ЕСПН. Борбата со Матис беше негова прва во повеќе од 15 години без Топ ранг.

Компанијата на Боб Арум потпишала седумгодишен договор со ЕСПН.

Топ ранг беше дистрибутер за правата на пренос за борбата Пакијао – Матис во Куала Лумпур, но промоцијата ја направија Мани Пакијао промоушн и Голден бој промоушнс на Оскар де ла Хоја, кој го застапуваше на Аргентинецот.

Адвокатите на Пакијао велат дека боксерот има право на 85 отсто од остварените приходи од преносот.

Тврдат дека ЕСПН ја пренесувал борбата без валиден договор и дека од Топ ранг го одбиле писмото на Пакијао во кое им се укажува на тоа.

39-годишниот Филипинец го нокаутира Матис во седмата рунда и победи и ја освои „регуларната“ ВБА титула во велтер категорија. Матис се пензионираше по борбата.

Пакијао го објави својот следен потег преку Инстаграм, кој го следат 4,3 милиони луѓе.

„И честитам и и посакувам среќа на Топ ранг и ЕСПН на седумгодишното партнерство. Знам дека бевте многу зафатени со завршувањето на работата. Но, јас не сум исплатен за правата на на преносот во САД за мојата борба против Лукас Матис пренесувана на 15 јули 15 на ЕСПН плус. Поради тоа почнувам правна постапка против Топ ранг и сите други странки заради неплаќање и обиди за ограничување на правата на моите идни борби“.

Боб Арум, неодамна изјави дека планира да се сретне со Пакијао за да пронајдат нов начин зда соработка, но се чини дека филипинската легенда има други планови.

Како еден од потенцијалните противници за следната борба се споменува Амир Кан.

https://www.instagram.com/p/Bni-EVLFhj6/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО