Дан кју: За роденденот на Македонија и подаривме четири медали (ФОТО)

Дан кју ја почна сезоната со 4 медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени на Меѓународниот џиу џицу турнир во Јахорина на „Трофејот Јахорина Пале опен 2018“.

Медалите ги освоија:

1.Дарко Стојановски – злато

2.Катерина Ацевска – сребро

3.Јаким Колевски – бронза

4.Зоран Колевски – бронза

Успехот на Дан кју ќе беше поголем доколку Катерина Ацевска не беше повредена со недозволен удар.

„За роденденот на нашата Македонија од нас е подарокот девет медали“, вели претседателот на Македонската џиу џицу федерација, Александар Ацевски, мислејќи и на пет медали на Осенсеи од Штип – еден златен и по два сребрени и бронзени медали.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО