Пакијао: Дајте ми го Крафорд

Мани Пакијао објави дека е подготвен да се сретне со Теренс Крафорд или со друг боксер кој има светска титула во боксот.

Филипинската легенда изјави дека имал разговор со промоторот и извршен директор на „Топ ранг“ – Боб Арум за можноста да се сретне со Теренс Крафорд за титулата што ја има Американецот, поточно ВБО појасот во средна категорија.

„Сакам да се борам со секој што има титула. Му реков на Боб – добивам 40 милиони долари а Крафорд – 10 милиони. Ќе се борам со сите. Ме познавате, не бегам од каков било предизвик. Извадете го“, изјави Пакијао за Tribune.net.ph.

На Пакијао, кој освои 12 титули во осум различни категории во професионалната боксерска кариера, неодамна му беше одземена титулата на ВБА поради неактивност.

Пак-Ман не се борел од јули 2019 година, кога го победи Кит Турман за појасот на Светската боксерска асоцијација.

Крафорд, пак, ја одбрани светската титула во ноември 2020 година, нокаутирајќи го поранешниот светски шампион Кел Брук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON