Пакиајо покажа брзина и мускули пред борбата со Ерол Спенс (ВИДЕО)

Живата боксерска легенда Мани Пакијао се чини дека е во одлична форма за претстојната средба со непоразениот Ерол Спенс Јуниор. Тие ќе ги вкрстат ракавиците на 21 август, а според она што беше видено во ова видео на FightHub.TV, Филипинецот е во период на интензивна подготовка за мечот.

Видеото го прикажува поранешниот носител на појаси во осум различни категории како тренира со долгогодишниот пријател Бубој Фернандез. 42-годишниот борец се смета за аутсајдер во претстојната битка, но се чини дека е во одлична форма и не треба да се отпише.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО