Ногата на Вајдман не зараснува нормално

Крис Вајдман ќе мора да оди на нова операција. 37-годишниот ветеран изјави дека коските на неговата нога не заздравуваат нормално по првата операција. Поранешниот шампион во средна категорија брутално ја скрши ногата во април во битка со Јураја Хол.К

Крис беше подложен на операција и беше успешна, но сега има лоши вести. Тој ќе оди под нож следниот месец за да се обиде да го поправи проблемот. Вајдман вели дека останува позитивен и ќе се справи со оваа голгота.

„Сеамериканецот“ има скор 15-6 во ММА и победи само на две од последните 8 борби во УФЦ. Пред неколку години ја освои титулата и ја одбрани со победи над Андерсон Силва, кој на сличен начин ја скрши ногата во борбата со Вајдман.

„Ќе мора повторно да се оперирам. Најверојатно тоа ќе се случи на 11 август. Моите коски не заздравуваат нормално, што е срање.

Очекував да имам такви проблеми затоа што имав слични повреди. Останувам позитивен и ќе се справам со тоа. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Крис на социјалните мрежи.

Се чини дека враќањето на Вајдман на ММА се граничи со невозможното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО