Home Blog Page 270

Головкин ќе се бори да го задржи боксот во олимпиското семејство

Боксот се соочува со ризик да биде последен пат на Олимписките игри во Париз овој месец, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја одзеде лиценцата на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) пред неколку години и веќе е донесена официјална одлука турнирот да не е под нејзино покровителство. Новиот претседател на Олимпискиот комитет на Казахстан (КОК) – Генади Головкин си постави за цел да го спаси својот сакан спорт од оваа непријатна судбина.

„Решението е сите страни да се соберат, да седнат заедно и да разговараат за можни решенија за да се задржи боксот на олимписката програма. Ме вознемирува и ме растажува. Мислам дека ситуацијата е неприфатлива, не затоа што сум боксер, туку затоа што боксот е еден од најпопуларните спортови во светот. За мене е исклучително тешко да ги замислам Олимписките игри без бокс. Затоа, мора да направиме се што е можно за да го задржиме боксот во олимписката програма. Тоа е исто така важно бидејќи дава силен почеток на кариерата на боксерите. Тоа им дава можност да го продолжат својот професионален развој по завршувањето на нивната аматерска кариера. Затоа боксот треба да биде дел од Олимпијадата“, категорично изјави Головкин во интервјуто за Бокс сцена.

МОК годишно издава лиценци со различни големи меѓународни организации за да се грижат за олимписките натпревари. Олимпијадата, пак, има посветеност да создаде услови за таа цел, како што се сали, базени, терени и се друго што е неопходно за различните дисциплини. Затоа е важно да се најде алтернатива на ИБА и во оваа фаза се чини дека оној со најголем потенцијал е Светскиот бокс. Во моментов таму членуваат 33 национални федерации.

Петти места за Трчков и Китеска на Балканското џудо првенство во Битола

Вчера заврши Балканското првенство за помлади пионери-ки во Битола. Од ЏФСМ наведуваат првенството поминало во одлично издание со одлични борби.

Вчера двјаца наши натпреварувачи се бореа за бронзени медали, Виктор Трчков (-60 кг) и Марија Китеска (-52 кг), но и покрај добриот настап беа петтопласирани. Сепак, ова е успех за нив.

ЏФСМ сака да им се заблагодари на сите што учествуваа во беспрекорната организација на ова Балканско првенство.

Фото: ЏФСМ

Олимпискиот шампион во борење сака да се бори во УФЦ

Олимпискиот шампион во борење Заурбек Сидаков сака да се бори за УФЦ.

28-годишниот борач од Северна Осетија планира да започне кариера во мешани боречки вештини. Сидаков е актуелен олимписки шампион во категоријата до 74 килограми и трикратен светски првак, откако ги освои титулите во 2018, 2019 и 2023 година.

Сидаков е и златен медалист на Европските игри, шампион на Светскиот куп, трикратен национален шампион на Русија, трикратен меѓународен шампион Иван Јаригин и европски шампион до 23 години (двакратен финалист). По забраната на рускиот тим во борење од Олимпијадата во Париз во 2024 година, Заурбек Сидаков јасно стави до знаење дека има намера да се фокусира на УФЦ.

За време на неодамнешната епизода од подкастот за Дрозд, Сидаков откри дека повеќе би сакал да се натпреварува во перо категорија. Заурбек има скор од 110-14 во борење. Тој најверојатно ќе мора да помине низ помали организации за да стигне до УФЦ.

Хабиб Нурмагомедов: Исламот забранува напади врз црквите

Познатиот руски борец во мешани боречки вештини, поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов излезе со ново соопштение во врска со трагичните настани во Дагестан. На 23 јуни во републиката група вооружени борци пукаа во црква, убивајќи еден свештеник. Терористите нападнале и синагога, а го нападнале и пунктот на сообраќајната полиција.

Загинаа повеќе од 20 луѓе, а еден од терористите се покажа дека е ММА борец кој тренирал во салата на Нурмагомедов. Специјалните сили влегле во салата на Хабиб во Дагестан за да трагаат по потенцијални терористи. Хабиб признал дека терористот тренирал со нив, но тоа било привремено и тој не бил нивен кадар.

Нурмагомедов негира какви било врски со терористите и верува дека тие не го претставуваат вистинското лице на исламот:

„Некои луѓе под превезот на вера го користат исламот за лична корист и профит, што е спротивно на вистинските принципи на религијата. Аллах нека ги казни и укори оние кои постапуваат против заповедите на Аллах и Неговиот Пратеник. Настаните во Дагестан се претворија во трагедија која нема никаква врска со вистинската вера во исламот. Ниту еден исламски ученик не би ги одобрил таквите постапки и сите исламски експерти ги осудуваат.

Исламот ги забранува и нападите врз црквите. Кога Абу Бакр Сидик испрати војска во земјата Шам, тој нареди: „Ако видите луѓе како се молат во црквите, не допирајте ги дури и во војна, првиот праведен калиф забранил да им се наштети на оние што се молат, а камоли во време на мир“.

Аллах рекол: „Кој ќе убие човек, тоа е како да ги убил сите луѓе“, напиша Хабиб.

Останува да видиме што ќе излезе по акциите на властите во Дагестан.

 

Дана Вајт: Многумина сакаат да го видат Переира во тешка категорија, но Миочиќ заслужува меч против Џонс

Алекс Переира ја продолжи победничка серија во најголемата светска ММА организација. На настанот УФЦ 303 во Лас Вегас фантастичниот Бразилец го победи чешкиот борец Јиржи Прохаска со прекин во 12 секунда од втората рунда и по вторпат го одбрани шампионскиот појас во полутешка категорија.

Поатан дебитираше во УФЦ во ноември 2021 година кога го победи Андреас Михаилидис со прекин во втората рунда, има вкупно осум победи и еден пораз, во април минатата година загуби од Израел Адесања.

Бразилскиот борец за две и пол години освои две шампионски титули, во средна и полутешка категорија, а сака да се испроба и во тешка категорија.

„Сакам еден ден да се префрлам во тешка категорија, тоа е неизбежно“, изјави Алекс Переира по триумфот над Јиржи Прохаска во нивниот реванш.

Шефот на УФЦ Дана Вајт се осврна на евентуалната преселба на Переира во тешка категорија.

„Џо Роган постојано ме мачи и ми вели да му дозволам на Алекс да се бори во тешка категорија: „Ајде, само направи го тоа“! Знам дека многу луѓе сакаат да го видат тоа“, изјави Дана Вајт и додаде дека Переира не може да го расипе планот за договарање меч меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс:

„Не. Дефинитивно остануваме на мечот меѓу Миочиќ и Џонс. Знаете што мислам за Џон Џонс и неговата позиција на ранг-листата П4П, како и во рангирањето на најдобрите борци на сите времиња. А Стипе е најголемиот тешкаш на сите времиња и ја заслужува таа борба“.

Висока оценка за организацијата на „Македонскиот бисер“ од делгатот на УВВ, Христос Лијакос

Вчера во Кочани се одржа на 48. Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“ на кој трофејот го освои нашиот репрезентативец Реџеп Хајдари, додека најдобар домашен борач, вооедно и техничар, е Стефан Штерјов, а Егзон Џони од Косово е најдобар странски борач.

„Задовилни сме од она што сработивме. Имаме висока оценка од делегатот на УВВ, Христос Лијакос, кој ќе биде дел од Олимписките игри во Париз“, вепи претседателот на Спартак, Зоран Сребренов.

Спартак беше технички организатор на Македонскиот бисер, заедно со ФБСМ.

Сребренов вели дека од сите добиле високи оценкпи за ирганизацијата.

Од друга страна, ги радуваа тоа што нивниот борач Стефан Штерјов го освои трофејот за најдобар домашен борач, водено е прогласен и за најдобар техничар.

„Стефан сите три борби ги доби со технички туш и затоа е прогласен за најдобар домашен борач и за најтехничар, а тоа е од големо значење за Спартак“, истакнува Сребренов.

Тој вели дека гостите имале добар прием, а се заблагодари на сите што го помогнале турнирот кој има големо значење за популаризацијата и развојот на борењето.

Рајан Гарсија си најде виновник за допингот, тоа е добавувачот на суплементи

Рајан Гарсија официјално е надвор од боксот следната година, откако беше прогласен за виновен за употреба на забранети стимуланси. Сепак, тој не престанува да ги полни социјалните мрежи со содржина, а иако повеќето негови објави се крајно неинтересни, понекогаш меѓу нив се наоѓа нешто вредно за внимание. Си најде виновник за скандалот кој практично му ја уништи кариерата.

„Скутер е момчето кое ми ги даде фалсификуваните суплементи. Тој беше човекот кој се грижеше за силата и состојбата на Заб Јуда. Знаеше дека тоа ми помага да изгубам тежина последниот ден и така одеднаш сите знаеја дека ќе бидам позитивен на тестот. Толку е тажно и болно“, напиша „Кралот Ри“, префрлајќи ја вината директно на поранешниот светски шампион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Garcia (@kingryan)

Гарсија продолжува да тврди дека сите други се виновни освен тој. Одбивањето да се преземе трошка одговорност воопшто не придонесува за имиџот на Латиноамериканецот.

Теофимо Лопез со едногласна одлука го победи Стив Клагет

Во 48 професионални дуели, канадскиот боксер Стив Клагет беше сопрен само еднаш – во последнaта рунда во 2011 година, кога Владимир Кличко беше шампион во тешка категорија, Теренс Крафорд – надежен боксер во лесна категорија, а Теофимо Лопез – на возраст од 13 години.

Лопез не успеа стане вториот човек кој го сопрел издржливиот боксер од Калгари, Алберта, во саботата вечерта, но тоа не беше поради недостаток на сила. Лопез од Бруклин постигна најмногу удари во кариерата, нанесувајќи 282 од 619 силни удари, така стигна до победа со едногласна одлука, за да ја задржи титулата во полусредна категорија на ВБО на главниот настан на ЕСПН од Мајами Бич, Флорида.

Судиите мечот го бодуваа 120-108, 120-108 и 119-109.

Переира го нокаутира Прохаска во втората рунда и го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија

Со фантастичен настап Алекс Переира убедливо го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија.

На настанот УФЦ 303 во Лас Вегас одличниот Бразилец го победи чешкиот борец Јиржи Прохаска со прекин во 12 секунда од втората рунда, тоа беше нивна втора меѓусебна борба.

Тоа е 11-та победа во кариерата на Поатан (осма во УФЦ) и четврта по ред. Со овој триумф тој вторпат го одбрани појасот во полутешка категорија.

Првата рунда беше тактичка проверка на силата и надмудрување, каде шампионот се закани со ниски удари, а Јиржи успешно се одбрани.

Така беше до последната секунда кога светна левото кроше на Переира, за да го собори Чехот.

И таму каде што застана во првата рунда, тој заврши веднаш на почетокот на втората.

Штом зазедоа позиција во средината на октагонот Перера со лев висок удар го удри Прохаска, кој падна на подот и ја заврши работата.

Во конасловната борба Диего Лопез со едногласна одлука го победи Дан Иге, кој влезе како замена за Брајан Ортега.

Имено, на само неколку часа пред настапот, Ортега го откажа настапот поради здравствени проблеми.

Роман Долиџе немаше поголеми проблеми на дуелот против Ентони Смит, а победи со едногласна одлука на судиите.

Малку понеизвесна беше првата борба од главната програма во која Иан Мачадо Гари го совлада Мајкл Пејџ.

Непоразениот Ирец со едногласна одлука на судиите стигна до својата 15-та победа (осма во УФЦ) во кариерата и е се поблиску до атак на титулата во велтер категорија.

Резултати од настанот УФЦ 303:

Алекс Переира – Јиржи Прохаска – ТКО (удар во глава и удари), Р2 (0:12)
Диего Лопез – Дан Иге – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Роман Долиџе – Ентони Смит – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Мејси Кијасон – Мајра Буено Силва – ТКО (прекин од лекар), Р2 (1:58)
Иан Мачадо Гари – Мајкл Пејџ – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Џо Пајфер – Марк-Андре Барио – КО (удари), Р1 (1:25)
Андре Фили – Каб Свансон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Жан Силва – Чарлс Журден – КО (удар), Р2 (1:22)
Пејтон Талбот – Јанис Гемури – КО (удари), Р1 (0:19)
Џилијан Робертсон – Мишел Ватерсон-Гомез – едногласна одлука (30–27 x2, 30–26)
Мартин Будај – Андреј Арловски – поделена одлука (29–28, 28–29, 30–27)
Реи Цуруја – Карлос Хернандез – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Винисиус Оливеира – Рики Симон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28).

Врклевски и Елези настапија на Карате 1 Младинска карате лига во Пореч

Денес Јова Врклевски забележа победа, а втората борба беше минимално поразен 2-3 од Иранецот Мухамедреза Каземихасраги во кадетска конкуренција на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хрватска.

Македонија на Младинската лига освои две сребра, завчера Стефан Стојановиќ го освои среброто во категоријата над 84 килограми во У-21, а вчера Реџеп Рушити (-76 кг) во јуниорска конкуренција.

На Карате 1 Младинската лига настапуваат 3639 каратисти со 3714 натпреварувачки влезови од 74 држави.

Резултати – Карате 1 Младинска лига :

Кадети
-52 кг
Јован Врклевски – Константин Алексиенко (Украина) 1-0
Јован Врклевски – Мухамедреза Каземихасраги (Иран) 2-3

-63 кг
Иса Елмази – Илија Олменченко (Украина) 3-4

У-14
-52 кг
Маристела Топалоска – Анастасија Сигило (Швајцарија) 8-0
Мариастела Топалоска – Карина Шевченко (Украина) 1-1

+52 кг
Мила Николова – Лана Шетка (Хрватска) 4-1
Мила Николова – Линда Клемпова (Словачка) 2-6

IPON