Пади Пимблет го задуши Варгас во првата рунда (ВИДЕО)

Британската ММА сензација, Педи Пимблет ја израдува публиката во Лондон со импресивна победа во првата рунда во мечот во средна категорија против Казула Варгас, најавувајќи дека може да биде вистински кандидат за појасот во најконкурентната категорија.

Варгас одлично го започна натпреварот и зададе лоу кикови и комбинација од крошеа. И двајцата влегоа во клинч и Варгас го погоди со коленото. Педи успеа да го фати грбот на Варгас и да прави зафат за предавање. Родриго се предава и така Пимблет победува со завршница во првата рунда.

Средбата траеше 3 минути и 50 секунди. Така Педи влезе во серија од 4 последователни победи и веќе има 2 победи со завршница во УФЦ. Варгас, пак, се враќа на поразите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО