Аспинал салвеше со прекин против Волков, Ален над Хукер, повратнички триумф на Павлович и Топурија

Настанот во Лондон УФЦ заврши со доминација на локалните борци. Во главниот меч на настанот УФЦ Фајт најт 204 што се одржа во О2 арената, Том Аспинал го победи Русинот Александар Волков во првата рунда со „завршница“ (прав лост на рака).

Тоа беше 12-та победа на англискиот борец во кариерата и петта во УФЦ.

Во коглавната борба Арнолд Ален во првата рунда го победи Новозеланѓанецот Ден Хукер со технички нокаут и со тоа стигна до деветтата победа во најголемата светска ММА организација.

На Хукер тоа е, по Махачев, втор пораз во низа и четврти во последните пет натпревари.

За комплетното англиско славје се погрижи и Педи Пимблт, кој во првата рунда го победи Казул Варгас со завршница (гушење од позади).

Исланѓанецот Гунар Нелсон го победи Такаши Сату со едногласна одлука на судиите.

Моли МекКен ја забележа третата победа против Луана Каролина и стигна до својата втора победа во низа.

Непоразениот Илија Топурија ја продолжи успешната серија. Германскиот борец со грузиски корени го победи Јаи Херберт со нокаут во втората рунда и со тоа стигна до четвртата победа во УФЦ.

Во воведните борби треба да се издвои триумфот на Сергеј Павлович, кој по речиси две и пол години се врати во октагонот и во првата рунда со нокаут го совлада Шамил Абдурахимов.

Големиот шкотски грапллер Пол Крег одлично го искористи своето оружје, а во втората половина од првата рунда го принуди Никита Крилов да се предаде (давење со триаголник).

Резултати од УФЦ Фајт најт 204:
Том Аспинал  Александар Волков – завр. (прав лост на рака), Р1 (3:45)
Арнолд Ален – Ден Хукер – ТКО (удари и лакти), Р1 (2:33)
Педи Пимблт – Казула Варгас – завр. (гушење од позади), Р1 (3:50)
Гунар Нелсон – Такаши Сато – едногласна одлука (30-26, 30-26, 30-26)
Моли МекКен – Луана Каролина – КО, Р3 (1:52)
Илија Топурија – Џаи Херберт – КО, Р2 (1:07)

Воведни борби:
Макван Амирхани – Мајк Гранди – тех. завр.(анаконда давење), Р1 (0:57)
Сергеј Павлович – Шамил Абдурахимов – ТКО, Р1 (4:03)
Пол Крег – Никита Крилов – завр. (триаголник давење), Р1 (3:57)
Џек Шор – Тимур Валиев – едногласна одлука (29–28, 29-28, 29–27)
Елиза Рид – Кори Мекена – поделена одлука (27–30, 29–28, 29–28)
Мухамед Мокаев – Коди Дурден – завр. (задушусвање со гилотина), Р1 (0:58)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО