Оверем: Веројтано веќе сум имал коронавирус

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, Алистер Оверем, не е загрижен за коронавирусот. Големата легенда во боречките вештини смета дека можеби веќе ја поминал. Вели дека пред многу време бил во Тајланд, каде имало многу Кинези со симптоми на коронавирус. „Рем“ ги советува луѓето да се грижат за својот имунолошки систем и да внимаваат на она што го ставаат во стомаците.

Оверем требаше да се бори против Волт Харис, но УФЦ ги одложи сите настани на неодредено време и не е извесно кога ќе се случи борбата.

„Во моментов нема многу летови и луѓето не патуваат многу. Авионот беше полн 10 или 15 проценти, но се уште има некои летови. Ова е време да се јаде здраво и да се биде здрав, нели? Тоа е многу добро за вашиот имунолошки систем. Како спортист отсекогаш сум бил опседнат со здравјето и имунолошкиот систем.

Затоа не се плашам од вирусот. Веројатно веќе имав. Бев во Тајланд за време на кинеската Нова година. Полно беше со Кинези и некои други луѓе кои беа близу до мене, имаа симптоми. За вашиот имунолошки систем треба да правите диета, да јадете, за да го зајакнете вашиот имунолошки систем. Прочитајте неколку книги. Има што да научам што да јадам и што да не јадам. Има многу храна што ја јадат луѓето без да сфатат дека не се здрави, исто така и комбинации на храна.

Народе, треба да си го напишете домашното. Имам многу пријатели кои споделуваат дека насекаде има карантин. Мислам дека можеби сè ќе биде добро за четири недели. Можеби шест најмногу. Потоа ќе почне да се нормализира состојбата. Тоа ќе биде бавно. Работите треба да стартуваат. Мислам дека кога ќе почнат, УФЦ ќе биде првиот што ќе направи настан. Очекувам да се борам таму“, изјави Оверем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON