Оваа убавица од УФЦ го посакува Нејмар

Nejmar i ubavicata

Убавицата на најголемата ММА организација UFC – Џени Андраде, ја запали ѕвездата на Барселона, Нејмар. Се покажа дека ова „Маче“ е луд фан на напаѓачот и дека е подготвена на се, за да се најде во неговиот кревет.

Убавицата, која исто така е Бразилка, за да гледа натпревар на сонародникот во живо патува до Шпанија. Таа се пофали со слика од „Ноу камп“. Блондинката позира со дрес на „Барселона“, а на градите гордо и сјае потписот на Нејмар и лична посвета од него. Двајцата се познаваат од Сао Паоло.

Andrade

Освен тоа што учествува во настаните на УФЦ како ринг-девојка, Џени е позната во својата татковина и како телевизиска водителка и модел. Од неодамна таа е колумнист во едно машко бразилско списание – VIP. Таа во списанието истакнува дека сонува за секс со Нејмар, па, макрар било тоа само за една вечер. Веднаш по изјавата Андраде беше поканета да сними прилично жешка фотосесија, со која треба да го убеди фудбалерот дека таа е жената за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON