„Браќа Миладиновци“ освои 5 медали на Државното училиштно првенство во џудо

138

Drin na ucilisno prvenstvo vo kavadrci 2016

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга вчера на Државното училиштно првенство за ученици во џудо во Кадарци освоија две први, едно второ и две трети места.

Фактички за  ОУ„Браќа Миладиновци“ настапија членовите на ЏК Дрим.

Со медали се закитија: Марио Нелоски (-28 кг) и Андреј Симоноски (-38 кг) златни медали, Божидар Донески (-38 кг) сребрен и Андреј Велјаноски (-34 кг) и Христијан Тодев (-60 кг) бронзени.

Покрај нив во екипата беа и Димитар Донески и Кристијан Ангелески.

Ipon.mk/В. Д.