Ото Валин сега сака борба и со Ентони Џошуа

Ентони Џошуа кој се подготвува за реванш против Енди Руиз на 7 деекмври во Саудиска Арабија,доби нов предизвик од шведскиот боксер Ото Валин, кој неодамна загуби од Тајсон Фјури.

Швеѓанецот одработи многу добар меч против Фјури. Успеа да му нанесе голема штета, а му отвори и голема исеченицанад окото по што „Кралот на Ромите“ доби дури 47 конци на аркадата. Но, на крајот Фјури успеа да ја преброди оваа повреда и да го добие мечот на поени, а Валин сака реванш со него, меѓутоа го прозва и Џошуа преку својот тренер Димитри Салите.

„Ото би бил многу подобар во реваншот. Убеден сум дека би победил во реваншот, изјави Салите и додаде:

„Разговаравме порано за меч против Џошуа. Требаше во јуни да го заземеме местото на Џерал Милер, но Руиз доби шанса и го шокираше светот. Го сакаме Џошуа наредната година во Велика Британија“, порача Салите.

Валин во минатото беше спаринг-партнер на Џошуа и сигурно дека ги знае сите негови слабости во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО