Откриено колку тежи сметката на Џошуа

Ентони Џошуа го зголемил богатство за повеќе од 100 милиони долари за 12 месеци, откриваат британските медиуми.

Весникот „Сан“ доби документи од боксерската компанија „Спарта промоушн“, според кои тој има околу 200 милиони долари на сметките, наспроти 88 милиони долари пред една година.

„Неговата година беше неверојатна – големи мечеви и солидни договори за рекламирање, благодарение на луѓето околу него. Неодамна објави дека започнува сопствено студио, што е важен чекор за него. Во исто време, дава големи суми пари за да им помогне на салите за аматерски боксери, за да не се затворат поради пандемијата“, изјави за „Сан“ боксер близок до боксерот, кој побара анонимност.

Се очекува 2021 година да му донесе уште повеќе пари на Ентони Џошуа, бидејќи за очекуваната борба против Тајсон Фјури, двајцата боксери ќе земат по 180 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО