Фјури и понатаму е број 1, а Џошуа го мина Вајлдер на ранг-листата кај тешкашите

Ентони Џошуа се искачи на второто место на ранг-листата на авторитетниот боксерски сајт – boxrec.com во најтешката категорија.

По обновувањето и светскиот шампион на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО беше во предност со поените на поранешниот носител на појасот на ВБЦ – Дионтеј Вајлдер.

И понатму лидер е Тајсон Фјури. „Кралот на Ромите“ и Александар Усик (број 5) се единствените боксери во топ 10 без пораз.

Кубанецот Луис Ортиз го замени Џо Џојс во првите десет. Кинг Конг го направи најголемиот скок во поредокот. Тој беше 15-ти, а од денес е 9-ти.

За одбележување е дека во најдобрите 15 има 5 боксери од Велика Британија, 4 од САД и по еден од Бугарија, Русија, Франција, Украина, Куба и Нов Зеланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО