УФЦ на крајот на летото се враќа во Европа за Фајт најт настанот во Хамбург во почетокот на септември, а денес се откриени и имињата на борците кои ќе го предводат настанот.
Рајан Бадер (20-5) на својот Твитер профил објави дека во Хамбург ќе се бори против Илир Латифи (12-4). Тоа ќе му биде во прилика да се вртаи назад меѓу предизвикувачите полутешка категорија откако Ентони Џонсон му ја прекина серијата од пет последователни победи на последниот настап во јануари. Латифи има три победи по ред и само еден пораз во последните шест борби, но ова на Швеѓанецот ќе му биде најголемиот предизвик во кариерата.
„Се чини дека имаме датум. Бадер – Латифи се очекува во Хамбург на 3 септември“, објави Бадер.
Сè уште не е познато дали тоа ќе биде и главната борба на ноќта.