Откажана борбата меѓу иранскиот Хулк и најстрашниот човек

Британскиот бодибилдер Мартин Форд соопшти дека е откажана очекуваната борба против иранскиот бодибилдер Сајад Гариби, којашто требаше да се одржи на 30 април во лондонската „О2 Арена“.

Најстрашниот човек во светот, како што многумина го нарекуваат, порача дека настанот во Лондон ќе се одржи, но нема да биде со Иранскиот Хулк.

„За жал, мојата борба ќе биде откажана од причини кои се надвор од мојата контрола. Не треба да сте гениј за да разберете зошто е така. Не сакам да разговарам за тоа, бидејќи се изгубени премногу време и енергија. Јас сè уште вредно тренирам. Ќе се борам, само не сум 100% сигурен со кого, кога и зошто, но и тоа ќе се случи“, објави Форд на Instagram.

Засега не е познато зошто е откажана борбата, многумина се сомневаат дека Иранскиот Хулк едноставно се откажал од настапот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON