Освојувачите на медали од Белград на прием во Агенцијата за млади и спорт

dejan-filip-i-darko-so-spaseski-2016-10

Освојувачите на златниот и  сребрениот медал на еден од најсилните турнири во европа од Г-1 серијата во таеквонодо „Глаеб белградски трофеј – Србија опен 2016“, Дејан Георгиевски и Филип Додевски денска имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. Македонскитеа таеквондо репрезентативци постигнаа одличен резултат.

Дејан Георгиевски во категорија +78 кг (јуниори) освои златен медал со три победи, сите три со технички нокаут, додека Филип Додевски во категорија -74 (јуниори) со три победи стигна до сребрен медал.

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да им честитам на репрезентативците за големиот успех и им порачувам да продолжат со вакви настапи и да ја радуваат македонската спортска јавност“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Тој истакна дека резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци.

Спасески дополни дека Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на меѓународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари.

„Дополнително, за реализација на проектот „Таеквондо за секого“ и годинава обезбедивме 40.000 денари“, заврши Спасески.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON