Марк Лајхнер одржа семинар во Прилеп на задволство на сите (ФОТО)

seminar-so-mark-lajhner-vo-prilep-2016

Марк Лајхнер од Кајзен академијата од Белград одржа одличен семинар во Прилеп во ММА клубот Максам фајт.

mark-lajhner-borba-na-seminar

Семинарот е одработен во два дела. Во првиот дел е работено на борба во стоечка позиција, дистанца, удари, напади, одбрани, клинч, уривање и одбрана од уривање. Демонстрирани се и увежбувани повеќе варијанти, дрилови и спаринг комбинации, п ри што на крај на првиот дел сите учесници спарингувале со инструкторот Марк Лајхнер.

pece-i-mark-lajhner

„Вториот дел беше посветен на борбата во партер, различни позиции, контрола на противник во партер, удари, завршници, тактика на борба. Семинарот помина во најдобар ред, учесниците беа задоволни од прикажаното .Ние како организатор и домаќини на семинарот сме презадоволни од гостувањето на Марк Лајхнер и од сите учесници. Договорена е понатамошна тесна соработка со Кајзен академијата во Белград. Наши членови-натпреварувачи,тренери ќе одат на тренинг и обука во Белград, заеднички тренинзи и спаринг борби, подготовки за следни борби, а сето тоа ќе се одвива по договор и под водство на инструкторот Марк Лајхнер, кој повторно ќе дојде во Прилеп за следни семинари. Благодарност до сите учесници кои дојдоја и присуствуваја од Прилеп,Кичево,Битола,Кавадарци“, вели Пеце Ангелески .

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО