Златен и бронзен медал за Ана Николовска на Националното карате првенство на Австралија

ana-nikolovska-so-peharite

Ана Николовска на 23 октомври го освои бронзениот медал во кумите на Националното сестилско првенство на Австралија за кадети  (14-15 години) од  5 кју  до црн појас и златниот медал со ката тимот во конкуренција до 17 години.

Николовска настапува за КК Драгон шотокан од Сиднеј кај тренерот Лешчек Смирски, карате мајстор 6-ти дан. Таа е постојан член е на репрезентацијата на Нов Јужен Велс.

Претходно на 9 септември во Мелбоурне на Националното шотокан првенство (СКИА) освои златен медал во кумите 14-15 години од 5 кју до црн појас и сребро со јуниорскиот ката тим.

ana-nikolovska-so-peharite-oktomvri-2016

„Желба ми е да влезам во Националниот шотокан тим за Светското првенство  во Токио 2018 година. Моментално сум во репрезентацијата на Нов Јужен Велс. Во училиштето влегов во програмата за „Талентирани спортисти“. Покрај спортот, јас сум во подобрите ученици во генерација 9-то одделение. Од училиштето сум номинирана за Спортска личност на годината за 2017 година, а одлуката ќе биде донесена на 26 јануари идната година“, вели за Ipon.mk Ана Николовска .

ana-nikolovska-so-medalite-pred-znameto-2016

Николовска има една голема желба:

„Желба ми е да влезам во историјата како прва Македонка -каратистка на Олимписките игри 2020 година во Токио. За респект на моето презиме и мојата родна земја Македонија“.

За нејзиниот карате пат највиновен е Јорданчо Петров од КК Партизан Кочани, на кого и му ги псоветува медалите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО