Македонија го освои првиот трофеј на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, Боби Војдиновски се здоби со првата рефери ВКФ лиценца.
Со ова, Македонија се вброи на листата на земји со ВКФ рефери.
„Значи, ствараме историја. Ова е прв пат за нас…“, возбудено зборуваше Војдиноски, кој се уште е под импресии на големиот успех и за него и за македонското карате. Ќе потсетиме дека тој беше и меѓу 23-цата избрани судии на Европските игри во Баку, Азербејџан.
„Положивме со Игор Лазарев и за ката и за кумите.Имаше околу 220 кандидати за кумите и околу 120 за ката. Ние сме една од ретките земји кои немаат паднато за некоја лиценца“, објасни Војдиновски.
Ipon.mk/В.Д.