Осум медали за Ге-бек на Меѓународниот таеквондо турнир „Охрид опен“

Теквон-до клубот Ге-бек во саботата на Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“ со 9 такмичари освои 8 медали -1 златен, 3 сребрени и 4 бронзени.
Медалите ги освоија:
Методи Проевски – сребрен
Медина Мусиќ – бронзен
Марија Тунтевска – сребрен
Михаил Гошевски – бронзен
Димитар Андоновски – бронзен
Владимир Димитриевќ – златен
Божидар Димитриевиќ – сребрен
Виктор Рунчевски – бронзен

Додека Андреј Рунчевски, иако не успеа да се закити со медал имаше добар настап.
„Со искрена благодарност ја истакнуваме поддршката од Општина Ресен, која е клучна за развојот и ширењето на теквондо спортот во нашиот регион“, велат од клубот и додаваат:

„На последниот натпревар нашите млади натпреварувачи со само 4 месеци искуство, направија храбар и решителен настап. За некои ова беше прва победа, но за сите – огромно искуство и поттик за понатамошен напредок.
Овој настап им донесе ново спортско искуство, поголема мотивација, дисциплина и самодоверба.
Ова е само почеток – продолжуваме со уште поголема енергија и посветеност! Благодарност до сите што веруваат во нашата работа и во иднината на овие млади спортисти“!



