АктуелноДомашна сценаКик бокс

Осум кикбоксери ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство за сениори во Абу Даби

На Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, македонската репрезентација ќе настапи со осум кикбоксери со девет натпреварувачки влезови.

СП кое почнува утре ќе заврши на 30 ноември.

Очекувањата се дека нашата репрезентација ќе се врати со медали од СП, а предводник е Бобан Илиоски. Репрезентативците во последните настапи покажаа завидна форма, така што може да очекуваме претставување на високо ниво и вклучување во распределбата на медалите.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

Лајт контакт
-89 кг Климент Грозадновски

Кик лајт
-89 кг Климент Грозадновски
+94 кг Стефан Михајловски

Лоу кик
-67 кг Петре Велков
-71 кг Силвио Мировски
-81 кг Лука Кипровски
-86 кг Бобан Илиоски

К-1
-75 кг Максим Митровски
-86 кг Нелсон Узеир

На СП во организација на ВАКО ќе настапат 1664 кикбоксери со 1994 натпреварувачки влезови од 85 држави.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON