Останаа четворица каратисти да ја бранат честа на ЕП, првиот ден нема медали

Првиот ден на Европското првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија, нашите каратисти не се вмешаа во борбите за медали. Надежите за одличје од ЕП се во Емил Павлов, Фахик Весели, Теодора Цветковска и Јована Геогриева во поединечна конкуренција, како и екипните настапи во борби и кати.

Денес Стефан Стојановиќ стигна до репасаж, но ја загуби борбата од Луца Коста од Белгија поради прв освоен поен, а заврши 3-3.

Петар Заборски не загуби борба, но не ги продолжи натпреварите. Имено, втората средба со Родриго Ибанез од Шпанија заврши 0-0, па победникот го одлучија судиите со прегласување, кои победата му ја доделија на Шпанецот.

Зачудува фактот што на Петар му пресуди судија кој редовно е повикуван на Држваните првенства во Македонија. Згора на тоа не досудиле и чисти удари со нога, така што го спречија нашиот кратист да се вмеша во борбата за медали. Од друга страна, имаме само еден судија на ЕП, иако повеќемина со светски и европски лиценци.

Боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 15 натпреварувачи, 10 во борби и пет во кати. И во двете конкуренции Македонија ќе има и екипен настап.

На ЕП се пријавени 548 каратисти од 47 држави.

Европско првенство:

Ката
Мартина Арсовска – 5 во 4.група со 35,4 (7 натпреварувачки)
Кристијан Бајовски – 5 во 1.група со 39,1 (8 натпреварувачи)

Ката тим мажи (Андриќ Христијан, Спасовски Александар, Спасовски Давид) – 2.група со 5 репрезентации (Првата е со 6 репрезентации)

Жени
-50
Теодора Цветкоска – Ања Јовиќ (Црна Гора)

-55 кг
Јована Георгиева – Алесандра Хасани (Хрватска)

-61 кг
Вероника Костовска – Карлота Осарио Фернандез (Шпанија) 3-8

-68 кг
Ангела Мојсовска – Избаел Марија Нието (Шпанија) 3-9

+68 кг
Бојана Манева – Тита Кеинанен (Финска)
Бојана Манева – Ингрид Кремерс (Холандија) 1-4

Мажи
-60 кг
Фахик Весели – Шон Етан Деј (Англија)

-67 кг
Емил Павлов – Денис Копитко (Украина)

-75 кг
Петар Заборски – Рагнар Аудсе (Естонија) 2-1
Петар Заборски – Родриго Ибанез (Шпанија) 0-0

-84 кг
Петар Спасеновски Микел Мец (Естонија) 0-2

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Мехди Филали (Франција) 1-7
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Луца Коста (Белгија) 3-3

Кумите тим жени
Македонија – Словенија

Кумите тим мажи
Македонија – Италија/ Полска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО