Малиот Хасбула налета на Мајк Тајсон (ВИДЕО)

Два „џина“ од боречките спортови се сретнаа откако легендарниот поранешен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон го покани Хазбула во своето студио.

20-годишиот Хасбула, кој страда од недостаток на хормон за раст, стана Интернет сензација со своите видеа и со пријателството со неговиот дагестански сонародник, Хабиб Нурмагомедов. Тој сега има и промотивен договор со УФЦ.

Како гостин на подкастот на Тајсон „Хот боксинг“, Хасбула му ги покажуваше неговите вештини со големи боксерски ракавици, по што Тајсон го крена Хазбула и се преправаше дека му го гризе увото.

Така, Мајк потсети на мечот со Ивандер Холифилд во нивниот реванш за светската титула на ВБА во 1997 година. Знаејќи дека работите почнаа да му изгледаат лошо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО