Основната цел на Головкин во боксот е титулата на Били Џо Сандерс

golovkin-odi-vo-ring

Светскиот шампион во бокс во средна категорија на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО, 34-годишниот Казахстанец, Генади Головкин, ја објави основна цел во моментов – битка против светскиот шампион на ВБО во средна категорија, 27-годишниот Британец Били Џо Сандерс.

 „Не сум разочаран од фактот дека други боксери не сакаат да се борат со мене. Кај мене се титулите, па не ме интересира против кого ќе се борам. Само сакам да ја освојам и последната. Тоа е мојата цел. За Сандерс тоа ќе е само бизнис и го разбирам. Тој е шампион. Но нема бизнис без пари. Бори се со мене – ова е одлична можност да добиеш добри пари. Не ме интересира дали ќе се сретнам со Сандерс или некој друг. Едноставно, сакам да ја освојам и оваа титула“.

За сега единствениот план пред Головкин е меч на почетокот на следната година, но се уште нема никакви информации за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО