Минск домаќин на Европските игри по откажувањето на Холандија

minsk

Вторите Европски игри ќе се оддржат во главниот град на Белорусија – Минск, во во 2019 година откако се повлече Холандија.

Холандија требаше да биде домаќин на втората европска Олимпијада, но се повлече неколку дена пред оддржувањето на првите Европски игри во Баку, Азербејџан во 2015 година. Минск беше единствен кандидат за 2019 година, каде што 6.000 спортисти ќе се натпреваруваат во 20 спорта.

„Европскиот олимписки комитет може да смета на Белорусија. Ние не сме супер-сила, меѓутоа посветуваме многу внимание на спортот“, изјави претседателот на Белорусија, Александер Лукашенко.

Инаку на првите Европски игри (ЕИ) Македонија освои две бронзи во  карате спортот. Мартин Несторовски и Емил Павлов се првите медалисти на ЕИ за нашата земја, освојувајќи ги бронзените медали во борби во категориите до 60 килограми и над 84 кг.

Баку потроши 1.2 милијарди долари за првите Игри. Шкотска и Германија во 2018 година, ќе бидат домаќини на првиот Европски спортски шампионат, натпреварување со повеќе спортови – атлетика, велосипедизам, веслање, пливање и триатлон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО