Откако денеска се појави вест за враќањето на Оскар де ла Хоја на рингот, самиот боксер нешто подоцна ја потврди. Повторно ќе се бори по 12 години од неговиот последен меч.
„Веста е вистината“, рече 47-годишниот боксер и додаде: „Почнувам со тренинзи во следните неколку недели“.
The Golden Boy is making a comeback 🥊
47-year-old @OscarDeLaHoya told ESPN on Wednesday that he will return to the ring. (via @StevESPNKim) pic.twitter.com/1EQNfkHt3f
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) August 19, 2020
Гласините за враќањето на боксерот почнаа минатиот месец, кога самиот Де л Хоја изјави дека не му пречи да се соочи со Канело Алварез.
„Ми недостасува да бидам во рингот. Го сакам боксот. Боксот ми даде сè што имам во моментов. Само што ми недостасува”.
Иако последен пат кога боксираше на 35 години, спортистот рече дека се уште владее со бората.
„Да, помина долго време. Но, искрено, левиот директ го чувствувам многу побрз. КОндициската подготовка ми е совршена и јас сум здрав”.