Оскар де ла Хоја: Саул Алварез ги има сите квалитети за да го победи Генади Головкин

oskar i alvarez

Шефот на промотерската компанија Голден бој промоушнс, Оскар де ла Хоја, изјави дека според него, Саул Алварез, ги поседува сите квалитети кои му се потребни за да го победи шампионот на Светската боксерска асоцијација во средна категорија, Генади Головкин.

„На сите ни е јасно дека дуел меѓу Алварез и Головкин е неизбежен. Генади треба биде во одлична форма и да зададе многу удари, ако сака да го победи. Треба постојано да го напаѓа. Алварез е многу силен и брз, а е и помлад од Генади. Покрај тоа, Саул станува подобар по секој негов меч. Верувам дека средбата меѓу нив ќе биде како оваа меѓу Томас Хрнс и Роберто Дуран“.

 Евентуалниот меч меѓу Алварез и Головкин би требало да се одржи оваа есен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО