Оскар де ла Хоја: Еди Херн му ја уништи кариерата на Џошуа (ВИДЕО)

Шефот на промоцијата „Голден бој“ Оскар де ла Хоја сериозно го критикуваше ривалот Еди Херн. Легендарниот боксерски шампион верува дека Херн не може да се промовира во САД и треба да остане во Велика Британија.

Оскар тврди дека Херн ја уништил кариерата на неговата најголема ѕвезда. Ентони Џошуа минатиот викенд ја загуби титулата во тешка категорија, откако Александар Усик го победи со одлука на судиите. Де ла Хоја го коментира ова, преправајќи се дека не го знае името на Херн.

„Никој во САД не го виде Ентони Џошуа против Александар Усик. Кој беше овој промотор кој не знае како да се промовира? Овој човек нема идеја што да прави во САД.

Мислам дека се викаше Херн или нешто слично. Да, се чини дека се вика Томас Херн. Мора да остане во Англија, бидејќи нема идеја што да прави во САД.

ДАЗН ја прави вистинската работа држејќи се до Голден бој. Херн треба да остане подалеку од САД. Усик стана шампион во тешка категорија, а Херн ја уништи кариерата на Џошуа“, изјави Оскар на социјалните мрежи додека неговата девојка го масира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО