Јока имал помош од судиите на Игрите во Рио, ќе му го доземат ли златото?

Францускиот боксер Тони Јоки може да биде лишен од златниот медал што го освои на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро, пишува британски Дејли Меил.

Имено, Јока го победи Хрватот Филип Хрговиќ на олимпискиот турнир во полуфиналето со одлука на судиите, а во финалето го победи и Британецот Џо Џојс со одлука на судиите.

Ричард Мекларен, адвокат кој исто така го разоткри рускиот допинг скандал, дознава дека Јока наводно стигнал до златото со притисок на судијата, и незаслужено освоил златен медал.

Мекларен тврди дека има докази оти судиите фаворизирале боксери од Франција и Узбекистан. Хрговиќ освои бронза на турнирот.

Доколку се докаже дека судиите го протуркаа Јока на турнирот, ќе му го одземат златниот медал, кој потоа најверојатно ќе му припадне на Џојс.

Но, што ќе се случи со Филип Хрговиќ и Казахстанецот Иван Дичко кои освоија бронзи?

Тони Јока во последниот професионален меч го победи Хрватот Петар Милас со нокаут во седмата рунда.

Францускиот боксер потоа го прозва Хрговиќ, но кој знае дали некогаш ќе го гледаме овој меч, бидејќи, доколку се докаже скандалот, може да влијае на кариерата на Јока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО