Осенсеи освои шест медали на џиу џицу турнирот „Источно Сараево опен“

Данил Николиски и  Димитри Радев ги освоија  првите места на Меѓунардониот џиу џицу турнир „Источно Сараево опен“, а Ева Димитровска, Станислав Грпов, Нина Таскова и Христијан Јованов сребрени.

Ова е голем успех за младите натпреварувачите на Осенсеи од Штип.

 Стефан Донев овој пат остана без медал.

Во Јадранската лига Осенсеи славеше против екипата на Бања Лука со 4-2. Победи за штипската екипа извојуваа Виктор  Велинов и Христијан Јованов. Заради повреди на двајца натпреварувачи на наредните две средби беа поразени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО