Катерина Ацевска супериорно прва на „Трофејот на Никшиќ“

145

Катерина Ацевска го освои златниот медал на Меѓународниот џудо турнир „Трофеј на Никшиќ, Црна Гора, во категоријата над 70 килограми во кадетска конкуренција.

Ацевска во полуфиналето ја совлада домашната натпреварувачка со ипон, а во финалето славеше со вазари и осеакоми над џудистката од Косово.

Џудистаката на Ипон полека но сигурно се етаблира во џудото во регионот, како еден од спортовите во кој настапува, бидејќи е сестран спортист.