Луис Ортиз вели дека кога го слуша Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО), да зборува за нивната борба звучи како самиот себе да се храбри.
38-годишниот Кубанец (28-0-2 НЦ, 24 КО) на 3 март во Њујорк ќе го предизвика исто така непоразениот ВБЦ шампион.
„Бронзениот бомбардер“ ветува нокаут против „Кинг Конг“ во седма одбрана на светската титула во тешка категорија.
„Тој ги преувеличува своите способности и се храбри самиот себе и се обидува да веруваа во себе. Тоа ќе биде лоша вечер за него. Може да зборува колку сака, се обидува да се охрабри самиот себе“, рече Ортиз.
Вајлдер не се согласува.
„Јас сум многу убеден во она што го кажувам. Без обѕир што некој чувствува или без обѕир на тоа што велат дека мојот промотор продава приказни и дека јас се обидувам да изградам самодоверба, на мене не ми треба тоа. Мојата доверба е тука. Го покажав тоа 39 пати со 38 нокаути. Ја чекам 40 борба и 39 нокаут“.
Вајлдер и Ортиз требаше да се борат на 4 ноември, но Кубанецот беше позитивен на два забранети диуретици и го замени Бирмејн Стиворн кој Вајлдер го нокаутира во првата рунда. Успеа да докаже дека падот на тестот е последица на користење на лек за висок притисок и борбата повторно е закажана.
Ортиз е се постар и веќе неколку години нема сериозни мечеви, но и понатаму се смета за најопасен противник во професионалната кариера на 32-годишниот Американец. Сепак, обложувалниците го држат Вајалдер за фаворит во сооднос 3-1.
Менаџерот на Ортиз откри дека предизвикувачот бил тестиран седум пати во воведот на мечот од страна на Доброволната антидопинг асоцијација (ВАДА) и Њујоршката спортска комисија.