Флојд Мејведер доаѓа во Скопје?!

Флојд Мејведер во Македонија?!

Ова го навестува кошаркарот на МЗТ Скопје, Џордан Крафорд, во интервју за порталот Спорт1.мк.

„Со Флојд се познавам речиси цел живот. Тој е мој голем пријател, поточно животен тренер или ментор. Постојано сме во комуникација, дури и сега додека сум во Скопје се слушаме два-три пати неделно. Претходно се гледавме колку што можеме, тој следеше во живо неколку мои средби во Џи-лигата, а јас бев на неговиот историски дуел против Конор Мек Грегор. Уживав како го искрши од ќотек (се смее-н.з.)“, со сјај во очите Крафорд за „Спорт1“ ја објаснува својата поврзаност со легендарниот боксер.

Целото интервју може да го видите на овој ЛИНК.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО